Во Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер беше свечено отворена традиционалната клубска изложба на фотографии „Мајски салон 2025“.
Изложбата вклучува 35 фотографии, внимателно избрани за да ја прикажат моќта на фотографијата како медиум – моменти од секојдневието, искрени емоции и човечки експресии, фатени во еден миг и пренесени преку објективот на кумановските автори.
Преку делата што ги изложија, членовите на клубот уште еднаш ја потврдија својата посветеност и уметничка зрелост, кои го оправдуваат интернационалниот углед што Фото – кино клуб „Козјак“ го ужива веќе со децении.
На отворањето на изложбата присуствуваа претставници од општинската администрација, љубители на фотографијата, уметници и културни работници.
Изложбата ќе биде отворена за посетители во наредните денови и претставува уште еден значаен културен настан во календарот на Куманово.
Настанот е во организација на Фото – кино клуб „Козјак“ Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.
Никола Ивановски