Кумановски ликовни уметници е традиционалната изложба што се отвори синоќа, во пресред на Денот на ослободување на градот. Во Уметничката галерија се поставени дела на кумановски уметници, работени во различни техники.
Изложбата ја организира националната установа Музеј Куманово со поддршка на градоначалникот и советот на општина Куманово и Министерството за култура.
Првиот човек на градот, Максим Димитриевски обраќајќи се пред присутните истакна дека ликовната уметност е широко распространета во Куманово.
Тој посочи и дека уметниците од Куманово и кумановско се познати пошироко, меѓународно.
-Оваа година и покрај тешката здравствена состојба во која што се наоѓа и Макеоднија и регионот и целиот свет, повторно како град успеавме да ги одржиме нашите ликовни колонии. Дел од нив се одржаа и по онлајн пат но сепак беа успешни и успеавме да собереме поголем број дела кои што се депонираат во нашето градско депо, каде што е и ризницата на нашето творештво. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на сите автори кои што дадоа придонес,
Тој им го честиташе празникот на присутните, но и на сите граѓани на Општина Куманово.