Отворена истрага за финансирањето на кампањата на Марин Ле Пен

Сподели со своите пријатели

Обвинителството во Париз неодамна отвори истрага за сомнително незаконско финансирање на кампањата на лидерката на десничарското Национално собрание, Марин Ле Пен, за време на претседателските избори во 2022 година, јавува денеска BFMTV, повикувајќи се на свои извори.

Loading...

Одлуката за покренување истрага доаѓа по објавувањето на извештајот на Националната комисија за кампања и политичко финансирање (CNCCFP) во април.

За време на изборите на кандидатите им е забрането да го надминат законскиот лимит, а задачата на Комисијата е да ги провери трошоците за кампањата на секој кандидат за да утврди дали се задржале во пропишаните рамки.

Доколку кандидатите ги почитувале прописите, државата им надоместува дел од трошоците, но доколку не го сториле тоа, Комисијата може да ги прегледа трошоците за нивната кампања, да ги намали средствата што им ги дава државата или да го упати случајот на суд доколку смета дека е неопходно, според BFMTV.

Комисијата, постапувајќи соодветно, поднесе извештај до париското обвинителство во врска со трошоците за кампањата на Марин Ле Пен за време на изборите во 2022 година, според BFMTV, додавајќи дека таа не е единствениот кандидат на тие претседателски избори што е вклучена во извештајот на Националната комисија за трошоци на кампањата и политичко финансирање, но за нејзиниот случај е отворена судска истрага, пренесува Танјуг.