Преминот Рафа на границата меѓу Египет и Појасот Газа беше отворен денеска, а на видео снимките се гледа како луѓе и автомобили го напуштаат Појасот Газа, пишува Гардијан.
Си-Ен-Ен претходно објави дека околу 80 амбулантни возила од Египет биле на преминот Рафа за да ги примат повредените Палестинци.
Тие ќе бидат првите Палестинци на кои им е дозволено да го напуштат Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври.
Ројтерс претходно објави дека Египет, Израел и Хамас, со посредство на Катар и во координација со САД, постигнале договор да им дозволат на странските државјани и на некои сериозно повредени цивили во Појасот Газа да ја напуштат областа.
Во моментов нема временска рамка до кога ќе биде отворен преминот Рафа, пренесува Танјуг.