Отворен осмомартовски саем на Градскиот плоштад во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Градскиот плоштад во Куманово од започна Осмомартовски саем, посветени се осум монтажни објекти на кои ќе се продаваат цвеќе и подароци за денот на жената.

 

 

Саемот има за цел да создаде пријатна и инспиративна атмосфера со цвеќе, ракотворби, локални производи и креативни изработки, како и да ја поттикне локалната економија и женското претприемништво.

 

 

Како што потенцираше градоначалникот Димитриевски, проектот е поддржан од општината, а во соработка со Занаетчиската комора на Македонија.

– Многу ми е мило што  тука на градскиот плоштад ќе имаме ваков проект финансиски поддржан од Општина Куманово во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Ќе имаме до 10 март организирано базар на којшто ќе се продаваат различни производи. Ќе се понудат на сите наши граѓани претежно ракотворби, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец починал во декември, сестра му сега се сомнева дека бил отруен

 

 

Првиот човек на градот со претставници од локалната самоуправа и Занаетчиската комора денеска подари и каранфили на жените на градскиот плоштад, на дел од наставниот кадар во градот и женските полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Штандовите се од монтажно-демонтажен карактер, опремени со маса, полици за изложување, електричен приклучок и простор за брендирање, а ќе можат да се користат секој ден во периодот од 10:00 до 20:00 часот до 10ти март.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски