Отворен конзулат на Република Казахстан во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово вчера беше свечено отворен конзулат на Република Казахстан и инаугуриран почесниот конзул Ејуп Абдулахи.

 

 

Настанот се одржа во присуство на претставници од високи државни институции, дипломатскиот кор, амбасадори и претставници од бизнис-секторот.

 

 

Општина Куманово ја претставуваше делегација предводена од претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Таа во своето обраќање ја нагласи важноста на воспоставената соработка меѓу Куманово и казахстанскиот град Караганда, посочувајќи дека партнерството отвора можности за зајакнување на економските врски, особено во областите на технологијата, енергетиката и трговската размена.

 

 

Со отворањето на конзулатот, Куманово добива нова дипломатска и економска перспектива, што се очекува да придонесе кон развој на меѓународната соработка и локалниот економски напредок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема промена на времето: Следуваат врнежи од дожд и значително заладување

 

 

 

 

Никола Ивановски