Отворен конкурсот за фестивалот на краток „Филмај 2022“ Куманово

Сподели со своите пријатели

 „ФИЛМАЈ” фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово, од денес (понеделник, 13 декември 2021) почнува прием на пријави за конкурсот за фестивалското издание за 2022 година.

Loading...

Кратките филмови, кои може да бидат играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути и завршени после 01.01.2018 година, може да се пријават преку платформите FilmFreeway и festhome до 20 март  2022 година, за да конкурираат за следниве награди:

 – награда „Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија

– награда „Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија

– награда „Koзјак” за најдобрo сценарио

– награда за најдобар македонски (домашен) филм

Автори кои сакаат да пријават свој филм, на друг начин освен преку горенаведените платформи, може да пишат e-mail на [email protected] за да добивање инструкции за успешно аплицирање.

Детални информации за правилата и пропозициите ги има на веб-страна на фестивалот, а тековни известувања и новости ќе може да се следат на Facebook-страната, како и на FB-настанот .

Loading...

Инаку, најдобар македонски филм на ФИЛМАЈ 2021 беше `Неонски срца` на Ана Јакимска, а прв добитник на истата награда беше филмот `Налепница` на Георги М. Унковски на второто издание на ФИЛМАЈ во 2020 година.

Резултати за наградените филмови на ФИЛМАЈ 2022 фестивалот на краток филм – Куманово се планира да бидат соопштени на 2 мај 2022, а фестивалот е предвиден да се одржи во Куманово на 27 мај 2022.

Интегрално соопштение