Отворен фестивалот „Денови на комедија“ (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер беше отворено 23то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

Програмта за годинешново издание е скратена, а редуциран е и бројот на гледачи во публиката. Сепак тоа не ги спречи организаторите да направат квалитетна програма на претстави од земјава и регионот.

– Оваа година прашањето беше шекспировско, дали да се одржи овој фестивал, да се биде или не, но по добиените протоколи од Владата на Република Северна Македонија пред две недели решивме да го одржиме овој фестивал. Претставите веќе беа претходно договорени изминатите два-три месеци, така да очекувам успешен фестивал во оваа време на пандемија со запазување на сите мерки и протоколи, изјави директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 

Loading...

 

Министерство за култура го поддржа фестивалот и годинава. Националниот координатор за развој на културата, Роберт Алаѓозовски рече дека фестивалот е една од најдобрите театарски манифестации, иако со скратена програмата, фестивалот останува верен на граѓаните и публиката.

– Ми претставува задоволство што и годинава се одржува со скратена програма, согласно протоколите. Во државата постојат 120 културни институции, преку 1000 манифестации, фестивали и програми така што не е само до протоколите и пандемијата, туку е и до ставот на менаџерите на институциите и на луѓето кои ги сакаат културните програми да ги направат дури и во услови на пандемија, рече Алаѓозовски.

 

 

Фестивалот го отвари кабаре „Меѓуигра0-24“ со босанскиот актер Зијах Соколивиќ, по што истиот ќе продолжи утре со претставата „Фанови“ во продукција на „УГД“ – Штип.

 

Loading...

 

Според протоколот комедиите можат да ги следат само 100 посетители, а билетите од денеска ќе бидат достапни онлајн.

 

 

 

Сепак, го немаше оној џагор кој низ годините беше карактеристичен за фестивалот, бидејќи само 100 лица ќе можат да проследат претстава, во салата чиј капацитет е за над 600 лица.

Loading...

 

 

На влезот освен срдечните домаќини од НУЦК „Трајко Прокопиев“, ќе ве пречека и пултот за дезинфекција на рацете, а маската е задолжителна од влезот до излезот од објектот.

 

Loading...

 

Откако ги пречекавме малкумината гледачи кои дојдоа на отворањето, и нашата екипа се упати кон салата. Атмосферата беше тажна, а салата полупразна и тивка. Никому не му беше сеедно за таквата глетка, но тоа е реалноста на корона пандемијата.

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply