Основното училиште 11-ти Октомври денеска организираше отворен ден. Учениците и наставниот кадар ги информираа заинтересираните ученици и нивните родители за упис, работењето на училиштето, функционирањето на службите, успесите и слично. Во дворот на училиштето беа изложени штандови за секој предмет на кои се презентираше нивната работа, постигнатите резултати.
Ова пред се е наменето за нашите идни првооделенчиња и за нивните родители како еден показател за тоа што се работи во нашето училиште, од одделенска настава подготвија игри без граници а од предметна подготвија штандови од различни области. Штандовите се по предметите кои се изучуваат во нашето училиште како редовните така и изборните предмети и може да се види изработки на нашите ученици на часовите начинот на работа нивните резултат може да се запознаат со наставниците кои ја изведуваат наставата, една приказна на нашата работа, изјави Елизабета Костадиновска Костиќ, директор ООУ „11-ти Октомври“.

Учениците истакнаа дека се задоволни што можат да ги презентираат изработките кои што ги подготвиле на часовите.


