Отстранети парчиња бетон што виселе од надвозник кај селото Војник

Сподели со своите пријатели

Парчиња бетон виселе од нефункционалниот надвозник во селото Војник во општината Старо Нагоричане на патот Куманово – Крива Паланка.

Loading...

 

 

Центарот за управување со кризи денеска информира дека се преземени сите активности и истите се отстранети, бидејќи претставувале опасност за сообраќајот.

– По укажувањето за опасност од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените дојави од граѓани на Единствениот број за итни случаи 112, е отстранета опасноста од парчињата бетон што висеа на долниот дел од нефункционалниот, а сепак постоечки мост – надвозник кај село Војник, над прометниот магистрален патен правец Куманово – Крива Паланка (А2), информираат од ЦУК.

 

Loading...

 

Екипи на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈПОЗМРП), согласно нивните процедури излегле на терен и плански ги отстраниле опасните парчиња бетон што виселе од по целата должина на мостот и повремено паѓале на патот.

 

 

– По извршената работа за отстранување на опасноста, ЈПОЗМРП го извести ЦУК со административно писмо дека е постапено по Решението на ЦУК со задолжение за постапување во определен временски рок, а и со прилог со фото документација на состојбата на мостот-надвозник пред и после нивната интервенција за отстранување на опасноста, велат од Центарот за управување со кризи.

 

Loading...

 

Инаку, опасните бетонски парчиња, а и тие што претставувале потенцијална опасност, биле рачно отстранувани од вработени качени на дигалка, со наизменично затворање на една лена за сообраќај на прометниот магистрален пат, со многу кратки прекини на сообраќајот што безбедно бил регулиран со помош на знаменца и луѓе, а и со вообичаените знаци за работа на пат, од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ЈПОЗМРП.

Никола Ивановски