Во врска со имплементација на ИПА – проект „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата ги информира граѓаните дека од 21.04.2017г. (петок), можно е да се започне со градежни работи – куќни приклучоци на ул.„Перо Чичо“ поточно од ул.„Кирил и Методиј“ до улицата „3-та МУБ“.
Исто така, од 24.04.2017 г. (понеделник), ќе се започне со градежни работи ул.„Љупчо Арсов“. Во понеделник се очекува да се започне со градежни работи – реконструкција и на улиците „Среќко Пужаљка“ и „Чупино Брдо“.
За краткиот период додека се изведуваат градежните работи на спометаниве локации, сообраќајот ќе биде блокиран со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати. Воедно ги молиме граѓаните да ги отстранат моторните возила од улиците, како и за соработка од нивна страна, со цел, непречено работење, стои во соопштението на Општина Куманово.