Отсега полесен пристап до австрискиот пазар на труд

Сподели со своите пријатели

Реформата на таканаречениот „црвено-бел-црвен картон“, која стапи во сила, го олеснува пристапот на странската работна сила на австрискиот пазар на труд.

Loading...

Многу компании во Австрија имаат проблем да најдат квалификувани работници.

Затоа уште во јули владата одлучи да ја спроведе реформата „црвено-бел-црвен картон“.

Целта на Владата е да создаде модерен пазар на труд, кој би го олеснил пристапот до квалификувана работна сила и би го направил процесот на поднесување барања за дозволи поефикасен.

Реформата зеде предвид многу барања на претприемачите, но и на работната сила, меѓу другото, забрзување на процесот за решавање на барањата за добивање „црвено-бели-црвени картони“.

Отсега патот до таа карта е полесен за луѓето кои во текот на работниот век ја промениле професијата, или се занимавале со нешто друго од она што го студирале.

Посебен фокус е на квалификуваната работна сила за привремени проекти на пазарот на трудот.

Особено во туризмот, грижата и здравството има недостиг на работна сила, па реформата сега обезбедува помалку бирократски пат за добивање дозволи.

Loading...

Исто така, странски работници можат да се носат на проекти до шест месеци во иднина, а за тоа им треба само виза и работна дозвола без сеопфатна процедура.

Работната сила од ИТ секторот особено ќе има корист од овој нов производ.

Последователно, тие можат да побараат „црвено-бело-црвен картон“, кој им обезбедува подолг престој и право на работа.

Сега компаниите можат да бараат „црвено-бел-црвен картон“ за работната сила што ја носат од странство без поголеми бирократски процеси.

Сезонската работна сила, која веќе три години работи во Австрија, сега има можност да добие „црвено-бел-црвен картон“, пренесува Танјуг.