Отсега можете да летувате во одморалиштето на Хитлер (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Германски инвеститори запуштеното нацистичко одморалиште Прора на брегот на Балтичко море го претвориле во туристички центар по повеќегодишна обнова. Локалните власти официјално на оваа локација му го доделиле статусот одморалиште, што значи дека во иднина ќе наплаќаат туристичка такса од 2,85 евра дневно по лице.

Loading...

– Тоа е сертификат за одредено ниво на тузирам и знак дека Прора и натаму ќе се развива и унапредува како туристички центар, рекол портпаролот на градскиот совет Бинца, каде се наоѓа одморалиштето.

https://twitter.com/oin_tweet/status/1017276918914256897

Огромниот компелкс се состои од неколку шестокатници со вкупна должина од 4,5 километри долж плажата на островот Риген на балтичкиот брег.

Три години пред почетокот на Втората светска војна Хитлер наредил изградба на Прора како најголем светски туристички центар, со капацитет за сместување на повеќе од 20.000 работници на тогашната гермснска држава.

Војната ги пореметила сите планови, па проектот бил напуштен сред изградба во 1939. година.

https://twitter.com/peppermind/status/1019544682458746880

Осум децении подоцна, во 2013 година, ова алокација ја презела германската градежна компанија „Метропол маркетинг“ која ја боновила Прора и преуредила структура во стотиците луксузни станови кои тука може да се изнајмат или купат.

Leave a Reply