На патниот правец Куманово – Крива Паланка сообраќајот се одвива отежнато поради наноси од снег, а каок што додаваат од АМСМ патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце се отсечени.
Патниот правец Куманово – Св.Николе и обратно е во прекин за сите видови возила. На коловозот има возила и се работи на расчистување на патот.
На планинскиот премин Плетвар и патниот правец Маврово – Дебар сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Доколку мора да патувате не заборавајте ја зимската опрема и ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО.