Неколку села во општините Старо Наогричане и Липково се отсечени и непроодни поради обилните врнежи од снег што викендов ја зафатија државата.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, поради обилни врнежи од снег проследени со ветер, формирани се наноси при што регионалниот патен правец од трета категорија од Старо Нагоричане до селото Длабочица е непрооден.
Отсечени се и селата Жегљане, Арбанашко, Длабочица и Дејловце.
Непрооден е и локалниот патен праваец Старо Нагоричане – село Стрновац, како и патни правци во селата: Алгуња, Малотино, Буковљане, М’глинце и Бајловце, односно целиот Козјачки планински регион.
И во Општина Липково има непроодни села и патни правци, и тоа Липково – Глажња, Лукаре, Гошинце, Белановце, Думановце, Извор, Ропајце, Руница, Стража и Стрима.
проследено со ветер и наноси на снег.
Од Општина Куманово информираат дека се работи на сите патни правци кон селата што се од трета категорија .
– Пуштени се три машини гредари и камиони за расчистување и посипување во тој правец кон селата: Габреш, Колицко, Кучкарево, Новосељане, Косматац, Градиште, Кшање, Кокошиње, Пезово и Кутлибег, стои во билтенот на РЦУК.
Никола Ивановски / фото: архива