Отровни печурки во Калифорнија усмртија три лица, десетици се разболеле

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица починаа, додека на уште три им е извршена трансплантација на црн дроб по конзумирање на екстремно отровната зелена печурка пупавка, соопштија денеска здравствените власти во Калифорнија, додавајќи дека во последните неколку месеци се пријавени десетици труења, односно оштетувања на црниот дроб поради консумирање отровни печурки.

Одделот за здравство во Калифорнија ги повика граѓаните оваа година целосно да избегнуваат берење печурки во дивината, бидејќи смртоносните видови лесно може да се помешаат со јадливите, наведува АП, додавајќи дека зелениот вргањ се појавил во голем број во Калифорнија оваа зима по обилните врнежи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бомбаш самоубиец уби над 30 луѓе во џамија во Исламабад, ИСИС ја презеде одговорноста

Најмалку 36 случаи на труење со печурки се пријавени од 18 ноември, при што многу пациенти развиле акутно оштетување на црниот дроб и откажување на органите.

Неколку од нив се задржани на лекување во одделенијата за интензивна нега, а возраста на пациентите се движела од 19 месеци до 67 години.

„Овој број е многукратно поголем од вообичаените помалку од пет случаи годишно“, предупредуваат здравствените власти.

Експертите предупредуваат дека бојата на печурката не е сигурен показател за нејзината безбедност и дека готвењето или сушењето не ја намалува токсичноста на смртоносната печурка.

Лекарите предупредуваат дека симптомите како гадење, повраќање и дијареа може да се појават во рок од 24 часа, но дека сериозно и потенцијално фатално оштетување на црниот дроб може да се развие во следните два до три дена, дури и ако раните симптоми привремено исчезнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските берзански индекси во пад, златото во пораст, во фокусот на заработката на големите компании