За никого не е лесно кога ќе сфати дека саканата личност го изневерува. Повеќето плачат, викаат, паѓаат, кршат во тој момент. Изневерувањето е удар што неописливо боли и го јаде срцето, а претпоставувам дека е уште полошо кога, згора на сè, ќе сфатите дека вашата драга зад грбот „шара“ со пријател.
Но, за жал, и тоа се случува, и една таква неволја го снајде овој млад човек, чие видео од неговата последна разделба со неговата драга на Фејсбук собра повеќе од 15 милиони прегледи, заедно со дополнителни шест на ЈуТјуб!
Младиот човек ја претворил целата своја тага и гнев во креативно збогум, тој пристигнал во нејзиниот дом со изговор дека и подготвил подарок. Тој исто така го поканил „пријателот“ да биде сведок на тој посебен момент, а од видеото се чини дека прељубниците навистина немале идеја што ќе се случи понатаму.
Тој завиткал балон исполнет со конфети во голема кутија, турнал помала кутија врзана со лак во балонот и ставил парче хартија во неа. На средина биле испечатени пораки од апликацијата WhatsApp, преписка на прељубницата со „пријателотот“ на нејзиното момче. На крајот, тој само им рече дека повеќе не сакал да ги види и се добива впечаток дека од станот излегува во солзи.
Видеото собра над четири илјади коментари на Фејсбук, а повеќето од нив му порачаа на младиот човек дека е џентлмен кој ја направил вистинската работа и кој заслужува далеку подобро во животот.
– Ова беше направено со многу достоинство. Честитки, навистина ми се допадна твојата реакција, ја заслужувате мојата почит – напиша еден од корисниците на популарната социјална мрежа.
https://youtu.be/ew8SCeGIO5k