Подолу ви ги претставуваме 9 -те најсмртоносни вируси, а листата се базираше на процентот на смртни случаи кај заразени лица, бројот на луѓе кои досега починале од ефектите на инфекцијата, како и дали станува збор за зголемени вирусни закана…
1. Марбург вирус
Научниците го откриле вирусот во 1967 година, откако била забележана мала епидемија кај лабораториските работници во Германија. Носителите, како што се испоставило, биле заразени мајмуни од Уганда.
Слично како и еболата, вирусот Марбург предизвикува високи температури и крварење што доведуваат до шок, откажување на органите и смрт. За време на епидемијата што ја погоди државата Конго, во 2000 година, 80 проценти од регистрираните заразени случаи биле фатални.
2. Ебола
Првата епидемија на овој вирус се прошири во Судан и Конго во 1976 година. Се пренесува преку крв, други телесни течности или преку заразено човечко или животинско ткиво. Одредени видови на вирус може да бидат крајно фатални, при што стапката на смртност во заразениот Судан достигнува 71%, додека сегашната епидемија во Африка е најголема во историјата, според Светската здравствена организација.
3. Беснило
Иако вакцините, кои се користат од 1920 -тите, драстично ја намалија инциденцата на оваа болест, таа сепак претставува многу сериозна закана во Индија и одредени делови на Африка. Оваа болест го напаѓа нервниот систем и мозокот, и според нејзините симптоми, таа е една од најлошите болести во светот. За среќа, вакцините и антибиотиците успешно ги лекуваат пациентите, меѓутоа, стапката на смртност во случај да не се прима терапија е 100 проценти.
4. ХИВ
Во современиот свет, титулата најсмртоносен вирус може да ја носи ХИВ. Нешто повеќе од 36 милиони луѓе починаа од вирусот откако болеста за првпат беше откриена во 1980 -тите. Силните лекови им овозможуваат на пациентите да го продолжат својот животен век, но оваа болест се уште владее во земјите со ниски примања, каде што се речиси 95 проценти од пациентите. Според Светската здравствена организација, 1 од 20 возрасни лица во субсахарска Африка е ХИВ позитивен.
5. Вариола
По илјадници години борба против сипаници, во 1980 година Светската здравствена организација го прогласи светот ослободен од оваа болест. Инфекцијата која уби еден од тројца пациенти остави преживеани со длабоки, трајни лузни, слепило или некои други тешки последици. Стапката на смртност била повисока во земјите надвор од Европа, чие население имало помал контакт со болести додека доселениците не ги донеле со себе. Се верува дека речиси 90 проценти од домородното население во Америка починале од оваа болест. Само во 20 век, сипаниците убиле повеќе од 300 милиони луѓе.
6. Хантавирус
Вирусот за прв пат бил забележан во Соединетите држави во 1993 година, кога млад брачен пар Навахо почина само неколку дена по првите синдроми на болеста. Неколку месеци подоцна, научниците успеаја да го изолираат вирусот од крвта на елените кога најдоа заразени семејства во близина на нивните домови. До денес, над 600 луѓе се заразиле со вирусот, од кои 36 проценти биле фатални.
7. Грип (вирус на грип)
За време на сезоната на грип, скоро 500.000 луѓе ширум светот умираат од оваа болест. Од време на време, кога ќе се појави нов вид грип, можна е пандемиска скала на оваа болест – со неверојатно висока стапка на смртност. Најсмртоносниот грип во историјата на човештвото, попознат како шпански грип, избувна во 1918 година и зарази 40 проценти од светската популација – уби повеќе од 50 милиони луѓе.
8. Денга треска
Овој вирус првпат се појави во 1950 -тите години на Филипините и Тајланд и оттогаш се шири низ тропските и суптропските предели. Оваа болест влијае на 50 до 100 милиони луѓе годишно, според истражувањето на Светската здравствена организација, но стапката на смртност е помала од другите болести – околу 2,5%. Најчести носители на овој вирус се комарците, така што, поради зголеменото затоплување и климатските промени, се предвидува брз развој и ширење на оваа болест. Ако не се лекува, оваа болест може да доведе до последици слични на ебола, а смртноста може да се процени до 20 проценти.
9. Ротавирус
Во модерно време, две вакцини се способни да го спречат овој вирус, кој најчесто ги напаѓа новороденчињата и помалите деца. Овој вирус се шири со голема брзина и се манифестира со гастроинтестинални проблеми. Како и другите болести, и оваа е смртоносна во неразвиените делови на светот – 430.000 деца помлади од 5 години починаа од ротавирусни инфекции во текот на 2008 година.