Откриено светилиште старо 9.000 години среде пустина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тим јордански и француски археолози пронашле светилиште старо околу 9.000 години во оддалечено неолитско место во пустината во источен Јордан.

Loading...

Локалитетот, кој се користел за ритуали, е пронајден во неолитска населба во близина на големи скулптури познати како „пустински змејови“ или „масовни стапици“, за кои се верува дека биле користени за жртвување диви газели, објави Science Alert.

„Локацијата е единствена, пред се поради тоа што е зачувана. Сè е речиси недопрено, а е старо 9.000 години“, рече јорданскиот археолог Ваел Абу Азиз, ко-директор на проектот.

Внатре во светилиштето имало два врежани камења со антропоморфни фигури. Едниот е посветен на „пустинскиот змеј“, а има и олтар, камин, морски школки и минијатурен модел на стапица.

Истражувачите во соопштението велат дека светилиштето „фрла сосема ново светло на симболиката, уметничкиот израз и духовната култура на овие досега непознати неолитски народи“.

Многу стапици укажуваат на тоа дека жителите се занимавале со лов и дека стапиците биле „центар на нивниот културен, економски, па дури и симболичен живот“, се вели во соопштението.

Проектот е резултат на соработката помеѓу Универзитетот Ел Хусеин Бин Талал во Јордан и Францускиот институт на Блискиот Исток.

„Ова откритие ни дава непроценливо сведоштво за животот на Блискиот Исток, неговите традиции и ритуали“, истакна француската амбасадорка Вероника Воланд Анеини, пренесе РТС.

Loading...