Угледниот британски медиум „Гардијан“ се повикува на неколку извори запознаени со разговорите во американската администрација, наведувајќи дека Доналд Трамп не е убеден дека САД имаат способност да уништат клучен ирански нуклеарен објект.
Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште е сомничав во врска со евентуален американски напад врз Иран, бидејќи не е убеден дека таканаречената бомба „бункер бустер“ навистина го уништила клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу, пишува „Гардијан“.
Според „Гардијан“, американскиот претседател им рекол на претставниците на Пентагон дека нападот би имал смисла само во случај бомбата GBU-57 да може целосно да го уништи иранскиот објект, кој е изграден длабоко под земја.
Досега, Трамп не дал зелено светло за нападот, и покрај тоа што имал информации дека најверојатно целосно ќе го уништи објектот. „Гардијан“ додава дека Трамп се надева дека ќе го принуди Иран да преговара.
Трамп не е сигурен
„Фордоу“ се смета за критичен дел од нуклеарната програма на Иран, особено откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврди дека објектот збогатува ураниум до чистота од 83,7 проценти – многу блиску до границата од 90 проценти потребна за производство на нуклеарно оружје.
„Гардијан“ забележува дека уништувањето на Фордоу би се сметало од САД за клучна цел во запирањето на нуклеарната програма на Иран.
Сепак, за разлика од САД, Израел нема капацитет за таков удар. Затоа, евентуален напад би барал директна американска интервенција.