Данските археолози откриле јагленисани парчиња арапски леб, печени пред 14.400 години во североисточниот дел на Јордан. Лебот е откриен при акција за копање на истражувачи од Универзитетот во Копенхаген, Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Археолозите од Копенхаген проучувале остатоци од јагленисана храна во населбата Шубајка 1, каде пред неколку илјада години живееле праисториски пелмиња, напишано е во соопштението на Универзитетот од данската престолнина.
Откриени остатоци од жаба стари 216 милиони години
Лебот кој е пронајден на територијата на денешен Јордан најстар е било кога откриен, се наведува во соопштението.
– Сега знаеме дека производите слични на лебот се произведени многу пред развојот на земјоделството. Следниот чекор е проценка дали производството и трошењето на лебот влијаеле за формирање на растителните култури и одгледување на земјоделските воопшто, рекол археоботаничарот од Универзитетот во Копенхаген Амај Аранз Отегуи, главен автор на студијата.
Археолозите рекле дека долготрајната природа за печење на лебот со помош на дива пченка можеби ги охрабрила луѓето во тоа време да одгледуваат пченка.
Во Египет откриени остатоци од непознат вид диносаурус
– Собирачите на храна од времето на натуфиската култура особено се интересни за нас. Преживеале и собрале храна во праисторискиот период кога исхраната започнала значително да се менува, рекол археологот Тобиас Рихтер, кој ги водел археолошките ископувања во Шубајка 1.
Натуфиската култура од камено време постоела од околу 12.500 до 9.500 години пред новата ера во Левант, регион во источниот Медитеран кој опфаќа простори на сегашни Јордан, Сирија, Либан, Израел и Палестина.
Радиоактивни животни откриени 11 километри под водата
– Кременастите лопатки и камеите алатки пронајдени на натуфиски локации во Левант долго ги наведуваа археолозите да се посоменваат дека луѓето започнале да експлоатираат растенија на поинаков и можеби поефикасен начин. Но, остатоцит еод лебот кои се најдени во Шубајка 1 претставуваат најстар доказ за постоење и печење на лебот и тоа покажува дека печењето е измислено од самото одгледување растенија, рекол Рихтер.
Исопувањата и истражувањата во подрачјето на Шубајка 1 во североисточен Јордан, кои траеле од 2015 до 2018 година, ги финансирал Независниот истражувачки фонд на Данска, а дозволата за ископување ја одобрило Одделението за артефакти во Јордан.