ОТКРИЕНА ВРЕМЕНСКА КАПСУЛА: Пронајдени вредни предмети под статуа во Вирџинија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Весници, фотографии, монети и книги се меѓу предметите откриени во временска капсула скриена под статуата на конфедералниот генерал Роберт Ф. Ли во Вирџинија, изјавија историчарите во вторникот.

Loading...

Друга временска капсула беше пронајдена под истата статуа и беше отворена минатата недела. Во него имало календар, текстилен плик и сребрена паричка.

„Во подобра форма е отколку што очекувавме“, рече Челзи Блејк, конзерватор за Секторот за историски ресурси на Вирџинија. „Мислевме дека сè ќе биде уништено, но не беше. Така што е одлично“.

Конзерваторите откриле и парче дрво кое содржи куршум, рачно напишани писма, неколку книги и антички тетратки, монети на Конфедерацијата во плик и копија од фотографии на поранешниот претседател Абрахам Линколн во ковчег.

Статуата, која се наоѓа во Ричмонд, била отстранета ова лето, заедно со уште две статуи, по протестите против расизмот и полициската бруталност што избувнаа низ целата земја.

Локалните власти решиле да ја стопат статуата и од неа да направат ново уметничко дело.

Додека работеле на отстранување на постаментот од 12,19 метри, групите пронашле кутија со гранит претходно овој месец.

Историчарите веруваа дека ќе има десетина предмети поврзани со конфедерацијата, но немало ниту еден.

Loading...

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нордам, во понеделникот го објави откривањето на втората временска капсула.