Откриeна улогата на витаминот B9 против ризикот од мозочен удар

Сподели со своите пријатели

Комбинацијата на витамин B9 и лек против висок крвен притисок (еналаприл) доведува до јасно изразено намалување на ризикот од цереброваскуларни инциденти, покажува студија меѓу над 20 илјади возрасни во Кина.

Кафето го блокира дејството на витамините во организмот

Loading...

Оние луѓе кои страдале од висок крвен притисок, никогаш пред почетокот на ова истражување не добиле инфаркт, велат авторите кои ги презентираа резултатите на конференцијата на Американскиот колеџ за кардиологија (American College of Cardiology – ACC), одржан овој викенд во Сан Диего , Калифорнија. Истражувањето е објавено во списанието на Американското медицинско здружение (JAMA).

Витамин К: Од каде да го набавите и зошто е важен

Д-р Јонг Хуо од првата универзитетска болница во Пекинг и неговиот тим избрале случајно половина од групата возрасни, на кои им пропишале секојдневно примање на 10 милиграми еналаприл и 0,8 мг фолна киселина (витамин B9), а само еналаприл – на другата половина на учесниците. Тестот се остварил помеѓу мај 2008 и август 2013 година.

Дуњата е богата со витамини и помага да го подобрите здравјето

Истражувачите исто ги тестирале учесниците за различни варијанти на генот, кој би можел да влијае на нивото на витамин B9.

Недостатокот на витамин D води до дијабетес

Во средината на периодот од 4,5 години, 282 учесници во првата група, или 2,7% од вкупниот број, преживеале некаков проблем, а од контролната група тие биле 355 (3,4%) што претставува релативно намалување на ризикот за 21%.

Loading...

Дали страдате од недостаток на витамини и минерали?

Анализата на податоците покажува значително намалување, меѓу учесниците во групата која земала еналаприл и витамин B9, на инфаркти и кардиоваскуларниот морталитет со 25% (3,1% наспроти 3,9%). Но немало значителна разлика во двете групи во однос на хеморагичен мозочен удар.

Витаминот Ц потребен за здрави заби

Цереброваскуларните инциденти се на прво место меѓу предизвикувачите на смрт во Кина и на второ во светот.

Витаминска бомба од спанаќ, јаболко и лимон

Во воведната статија на JAMA д-р Мејр Стемпфер и Волтер Уилет од Харвард Школата за јавно здравје, пишуваат дека “резултатите од оваа студија имаат важно значење за превенција на мозочен удар во светот”.

Како да препознаете дека имате недостаток на витамини?

“Значаен дел од населението во светот, потенцијално неколку милијарди – во северниот дел на Кина, во Бангладеш и Скандинавија, имаат пониски нивоа на фолна киселина”, потсетуваат тие.

Loading...