Откриена сексуална експлоатација на работнички на фарми за чај во Кенија

Сподели со своите пријатели

Во Кенија е откриена сексуална експлоатација на жени на плантажи со чај што ги снабдуваат некои од најпопуларните брендови во Велика Британија, вклучувајќи ги PG Tips, Lipton и Red Label, а тројца менаџери се суспендирани, објави денеска Би-Би-Си.

Loading...

Повеќе од 70 жени на кениските плантажи со чај, кои со години се во сопственост на две британски компании, изјавија за Би-Би-Си дека биле сексуално злоупотребувани од нивните претпоставени.

Како што се наведува, тајната снимка покажала како локалните газди на плантажите во сопственост на „Унилевер“ и „Џејмс Финлеј и Ко“ вршат сексуален притисок врз тајниот репортер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција: Пожар во близина на Марсеј, 110 лица повредени

Работничките на плантажите за чај рекоа дека поради немање работа попуштиле на сексуалните барања на нивните шефови бидејќи во спротивно би се соочиле со недостиг на приходи.

Една жена за Би-Би-Си изјавила дека е заразена со ХИВ откако била принудена да има секс со нејзиниот шеф.

Тајната репортерка на БиБиСи, Кејт, како кандидатка за работа, е поканета на интервју во хотелска соба со Џон Чебочок од „James Finlay & co“, кој интервјуира кандидати и се обидува да ја принуди на секс, а слично се било и кога се пријавила за работа во Унилевер.

Унилевер се соочи со слични обвинувања пред повеќе од 10 години и започна пристап со „нулта толеранција“ за сексуално вознемирување, како и систем за известување и други мерки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 10.000 луѓе во Јапонија хоспитализирани минатата недела поради топлотен удар