Откриена причината за авионската несреќа во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

И двата мотори на авионот што се урна во Јужна Кореја кон крајот на декември, при што загинаа 179 луѓе, покажуваат знаци на удар на птица, се вели во извештајот на прелиминарната истрага објавен во понеделникот.

Loading...

Јужнокорејските истражители соопштија дека на моторите биле пронајдени пердуви и дамки од крв на мошусна патка.

Тоа е птица преселница која може да се најде главно во Сибир, но зимите ги поминува во Источна Азија.

Пилотите забележале удар на птица непосредно пред итно да слетаат на меѓународниот аеродром Муан во провинцијата Џеола, околу 288 километри југозападно од Сеул.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун надгледуваше вежби со симулација на нуклеарен контранапад против Сеул и Вашингтон

Според прелиминарниот извештај, податоците од летот и гласовите од пилотската кабина престанале да снимаат околу четири минути пред фаталната несреќа.

Се уште не е позната точната причина за ова.

Боингот 737-800 слета на стомакот и излета од пистата на регионалниот аеродром, при што се запали откако удри во бетонска конструкција.

Во него имало 181 лице, од кои 179 загинале.

Loading...

Двајцата преживеани биле членови на екипажот.

Освен двајца тајландски државјани, сите биле корејски државјани.

Инспекторите соопштија дека во следната фаза од истрагата, моторите ќе бидат расклопени и нивните делови внимателно ќе се испитаат.