Откриена планета без облаци: Годината трае помалку од пет земјини денови

Сподели со своите пријатели

Астрономите открија многу чудна егзопланета што може да ни помогне подобро да го разбереме универзумот.

Loading...

Имено, научниците од Харвард и Смитсонијан набљудувале големо гасовито небесно тело на растојание од околу 575 светлосни години од Земјата и му го дале името WASP-62b.

Оваа егзопланета се наоѓа во орбита каде една година трае 4,5 земјини денови, а чудно е што нема облаци. Како што истакнуваат научниците, овој феномен, дека воопшто нема облаци, се наоѓа во приближно 7% од егзопланетите.

Со помош на вселенскиот телескоп Хабл, астрономите можеле да препознаат траги на натриум, што не би било можно ако има облаци.

Затоа, се претпоставува дека тие воопшто не постојат кога станува збор за WASP-62b.

Тимот што ја анализирал планетата се надева дека лансирањето на вселенскиот телескоп Џејмс Веб ќе обезбеди дополнителни методи за проучување, односно дека, со малку среќа, ќе можат да најдат траги од силициум, што потоа би посочило како овие планети форма и зошто се разликува од оние со облаци, пренесува Engadget.

Leave a Reply