Повеќе од 40 години, некаде во внатрешноста на Русија се емитуваат радио бранови под името УВБ-76, но никој никогаш не објаснил зошто.
Меѓутоа, кај теоретичарите на заговори популарна е теоријата дека брановите всушност функционираат како „копче на смртта“ кои автоматски активираат нуклеарно оружје, доколку некој се обиде да нанишани кон Русија. Некои од теоретичарите дури наведуваат дека во прашање е комуникациски канал за контактирање со вонземјаните.
Наводно секој кој ќе ја подеси фрекфенцијата на 4625 kHz може да се вклучи во преносот.
Оваа библиотека е сместена во една зграда, но во две различни држави (фото)
Чудното зуење, повремено е разбиено со руски зборови и броеви, а прв пат е снимено во 1982 година.
– Нема апсолутно никакви информации за сигналот, рекол Дејвид Стаплс, експерт за разузнавачки податоци од Градскиот универзитет во Лондон.
Многу луѓе веруваат дека овие радио бранови се користени за време на Студената војна, кои се карактеризираат со радио сигнали и криптични кодови, но фрекфенциите за пренос пораснале за по распадот на Советскиот сојуз.
На 18 март 2014. година, помалку од 24 часа откако Крим гласаше да се приклучи кон Руската Федерација, гласот прочитал „Т-Е-Р-Р-А-К-О-Т-А“. Михаил Димитри Жења Борис (МДЖБ, повикувачни знак за станицата). Михаил Димитри Жења Борис . 81 26 „Т-Е-Р-Р-А-К-О-Т-А“.

Интернет детективите биле фасцинирани кога на 12 февруари 2014. година се слушнал женски глас. Во она за што се верува дека било грешка, жената изговорила „Ало вулкан“.
Кремљ никогаш не зборувал за оваа зуење, но цивилните истражувачи тврдат дека го следеле преносот на локалитетот во близина на градот Поарово, близу Москва.
Мистеријата се разбудила кога во 2010. година емитувањето на звукот наводно се преместило во Псков, близу границата со Естонија.
Градските истражувачи тврделе дека ја пронашле локацијата во Псков. Зборувале за напуштена воена база која имала радио дневник кој ја потврдил работата на предавателот на 4625 kHz.

Последните години, УВБ-76 брановите емитуваат од две различни локации.
Едниот наводно се наоѓа во Ленинградската област околу 48 километри одалечен од Санкт Петербург, а другата локација за емитување на мапите на Гугл е идентификувана како 69. комуникациски центар во Наро Фоминск.
Московското метро го нарекуваат „подземна палата“, а тоа крие и една голема тајна (ФОТО+ВИДЕО)

