Откриена најголемата италијанска ТВ мрежа за пиратерија

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција денеска соопшти дека ја разбила најголемата онлајн ТВ-пиратерска мрежа во земјата, која сочинувала 70 отсто од нелегалните преноси низ целата земја.

Loading...

Мрежата имаше повеќе од 900.000 корисници и носеше „милиони евра“ месечен профит, се вели во соопштението на полицијата.

Како дел од полициската акција, се додава, биле претресени простории и запленети материјали во повеќе од 20 градови низ Италија, вклучувајќи ги Рим, Неапол и Катанија.

Рациите ги наредиле обвинителите во Катанија (Сицилија), кои подоцна денеска ќе изнесат повеќе детали на прес-конференција.

Италијанската полиција соопшти дека блокирала 1,5 милиони корисници незаконски стриминг содржини од провајдери, вклучувајќи ги Netflix, Comcast’s Sky, DAZN и домашниот медиум Mediaset во една рација минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прага и неколку поголеми градови во Чешка останаа без струја