Откриена атмосфера околу планета идентична со Земјата

Сподели со своите пријатели

Научниците за прв пат детектирале атмосфера околу една егзопланета. Тие ја проучувале планетата GJ 1132b, одалечена 39 светлосни години, а која е ,14 пати поголема од Земјата.

Нивните наоди сугерирааат дека „Супер-Земјата“ е обвиткана со дебел слој гас, кој претставува или водена пареа или метан или нивна мешавина. Студијата е објавена во магазинот „Astronomical Journal”.

Откритието на атмосферата и нејзиното, барем делумно, опишување е важен чекор во потрагата по жив свет надвор од Сончевиот систем. Сепак, малку е веројатно дека овој свет може да се насели – температурата достигнува 370 степени Целзиусови.

Др. Џон Саутворт од институтот Киле, кој е предводник на истражување, потсетува дека највисоката температура во опкружувањето во кое е пронајдена животот на земјата изнесува 120 степени. Сепак, самиот факт дека има атмосфера, дава причина за надеж.

Откривме дека планетите околу ѕвездите со помала маса можат да имаат атмосфера и дека, со оглед дека во вселената ги има многу, можеме да очекуваме дека на некои од нив има живот – рекол Саутворт.

 

Loading...