Откриен нов сој во Белгија: Бројот на заразени постојано расте

Сподели со своите пријатели

Белгиски научници изолирале мутација на вирусот „Ковид-19“, која никогаш порано не била забележана, а во моментот учествува со околу 4% од инфекциите во земјата.

Loading...

Видот Б.1.214 за прв пат бил откриен во јануари годинава, тој во моментов не е класифициран како „загрижувачка варијанта“, а истражувачите се скоро сигурни дека не станува збор за „белгиски вид“, туку сметаат дека потекнува од субсахарска Африка.

Бројот на лица заразени со Ковид-19 во Белгија постојано се зголемува, така што просечниот број на дневни инфекции оваа недела се зголеми за повеќе од 40 проценти во споредба со претходната недела.

Помеѓу 12 и 18 март, во просек имало по 3.867 нови инфекции на ден, што е раст од 42 проценти во споредба со претходната недела.

„Зголемувањето на стапката на инфекција и хоспитализацијата во Белгија сè уште е крајно загрижувачко“, рече белгискиот министер за здравство Франк Вандербрук.

Поради зголемувањето на бројот на заразени во Белгија, откажан е мартовскиот самит на лидерите на ЕУ 27, кој ќе се состане преку видео конференција наместо во Брисел.

Од почетокот на пандемијата во Белгија, заразени се 837.006 лица, од кои 22.707 починале.

До денес, 965.473 лица во Белгија примиле барем една доза вакцина против коронавирус, што е 10,5 проценти од популацијата постара од 18 години.

Loading...

Покрај тоа, 441.822 лица или 3,8 проценти од вкупната популација биле целосно вакцинирани.

Поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, националните власти на Белгија минатата недела го одложија најавеното олеснување на мерките за затворање.

Во Белгија е воведен полициски час од октомври, баровите и рестораните се затворени скоро од почетокот на пандемијата и секое несуштинско патување во земјата и странство е невозможно.

Leave a Reply