Откриен нов сој на коронавирусот: Има 30 мутации!

Сподели со своите пријатели

Откривањето на новата омикронска варијанта на короната во Јужна Африка (ЈАР), која содржи 30 мутации, доведе до ограничувања за патување и колапс на пазарот, иако сè уште не е познато дали полесно се пренесува од другите соеви на вирусот, објави NBC денес.

Loading...

Според извештаите, случаите на инфекција со новиот вид корона веќе се откриени ширум светот и многу земји, вклучително и САД, побрзаа да ги забранат летовите за Јужна Африка додека Светската здравствена организација (СЗО) ја проучува опасноста од новиот варијанта на корона.

Научниците од Јужноафриканската Република (ЈАР) оваа недела идентификуваа нова варијанта на коронавирусот што може да го објасни наглото зголемување на инфекциите во таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца Американци и еден Канаѓанец исчезнаа при обид да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

Министерот за здравство на Јужна Африка тврди дека новата варијанта, означена како B.1.1.529, доведе до експоненцијално зголемување на бројот на случаи во последните денови, иако експертите сè уште се обидуваат да утврдат дали таа е навистина одговорна.

По 200 нови потврдени инфекции дневно во последните недели во Јужна Африка, бројот на заразени се искачи на 2.465 во четвртокот.

Експертите на СЗО го класифицираа новиот вид како „загрижувачки“ и објавија дека се работи за микронска варијанта на короната која содржи најмалку триесет мутации.

САД и неколку европски земји ги ограничија летовите кон Јужна Африка, и покрај фактот што веќе се откриени случаи ширум светот, а загриженоста за нова варијанта на корона предизвика голем пад на американските финансиски пазари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Штрајк во британскиот весник Гардијан: Прв пат по 50 години

Јужноафриканската варијанта првпат беше откриена во Јужна Африка, но веќе се пријавени случаи кај патници кои пристигнуваат во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел.

Loading...