Според германските медиуми, на клиниката во Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид на коронавирус.
Во болницата во Гармиш-Партенкирхен, 73 пациенти и вработени биле тестирани позитивно на коронавирусот.
Минхенски „Меркур“ пишува дека досега овој нов вид на вирус е откриен кај три заразени лица.
Лабораториските асистенти во клиниката со помош на специјален лабораториски апарати утврдија неправилности во примероците.
Примероците на пациенти со новиот вид веднаш биле испратени во Берлин, каде деталната анализа го потврди сомневањето дека станува збор за нова варијанта на вирусот. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот сој што сега е откриен во Германија.
Клиниката во Гармиш-Партенкирхен посочува дека е нормално вирусот да мутира и тие потсетуваат дека повеќе од 12 000 мутации во низа на вирусот се утврдени ширум светот од почетокот на пандемијата.
Поради појавата на мутиран вирус, сите операции на клиниката биле откажани, а одделите во кои била утврдена инфекцијата се изолирани.