Откриен целосно бел пингвин: Научниците откриваат зошто е таков? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откриен е целосно бел пингвин на островот Галапагос, соопшти управата на локалниот Национален парк.

Loading...

Туристичкиот водич прво забележал ретко животно на Изабела, најголемиот остров во архипелагот крај брегот на Еквадор.

Експертите веруваат дека пингвинот може да има генетско нарушување леукизам.

Делумниот недостаток на пигменти на бојата предизвикува светло крзно или пердуви кај животни кои обично имаат потемна боја.

За разлика од албинизмот, животните погодени од леукизам имаат нормална боја на очите за нивниот вид.

Ајкули, гуштери, јастози и зебри со леукизам веќе се откриени во архипелагот Галапагос, но ова е првиот ваков пингвин што се наоѓа таму, се вели во соопштението.

 

https://youtu.be/8bo9jeSqBiQ

Loading...

Leave a Reply