Откажан состанокот меѓу Зеленски, Виткоф и Кушнер

Сподели со своите пријатели

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американската делегација, во која се вклучени специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, која требаше да се одржи во Брисел, е откажана, дознава „Киев пост“.

„Според извори, средбата во Брисел е откажана. Зеленски се враќа дома“, изјави новинарот на „Киев пост“, Алекс Рауфоглу.

Тој, исто така, осврнувајќи се на соопштението на Кремљ, рече дека Виткоф и Кушнер „ветиле“ дека ќе одат во Вашингтон по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што изјави еден извор за „Ројтерс“, Зеленски се враќа во Киев по европската турнеја за време на која ги посети Париз и Даблин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најави напади врз територијата на Венецуела

Агенцијата „Тас“, повикувајќи се на европскиот контролор на летање, објави дека летот со Виткоф и Кушнер прелетал над Европа и влегол во канадскиот воздушен простор ноќе.

„Волстрит џурнал“ исто така објави дека средбата меѓу претставниците на Русија и САД не довела до решение за главната пречка во мировните преговори – територијалното прашање.

Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека тоа е едно од најважните прашања за Москва и дека сè уште не е постигнат компромис.

Дописникот на „Скај њуз“ од Москва, Ивор Бенет, оцени дека Русија намерно го најавила „заземањето“ на Покровск пред преговорите со Соединетите Американски Држави, со цел да ја потврди својата доминација и да ги зајакне преговарачките барања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги поништува документите потпишани со автоматско пенкало за време на мандатот на Бајден