Денис Виловби од Вирџинија отишол во локална продавница за да им купи чоколадно млеко на децата, не замислувајќи дека ќе се врати дома со многу повеќе од тоа.
Loading...
За време на купувањето, тој одлучил да земе картичка за гребење од лотаријата на Вирџинија.
Се покажа дека е добитна картичка со џекпот од милион долари.
Виловби е само вториот играч кој ја освоил најголемата награда за таа игра. Има уште една добитна карта, но сеуште не е купена.
Веројатноста да се добие џекпот е 1 спрема 1.632.000, објави лотаријата на Вирџинија.
Среќниот татко требаше да избере дали веднаш ќе ги земе сите милион долари или ќе му биде исплатена таа сума во период од 30 години.
Тој ја избрал првата опција.