Лекарите во Индија биле шокирани кога младата жена Руни Катун (26) дошла во болница со болки во стомакот. Таа била слаба и исцрпена, а кога ја прегледале во стомакот нашле поголема количина накит и била оперирана.
Loading...
Лекарите пронашле вкупно 69 ланчиња, 80 обетки, 46 монети, часовник, четири клучеви… Операцијата траела час и 15 минути.
„Отстранавме 1,68 килограми накит од нејзиниот стомак, вклучувајќи нараквици и обетки, како и монети и рачен часовник“, рече хирургот Сидарта Бисвас. Пациентката признала дека ги проголтала сите метални предмети што ги украла од продавницата на нејзиниот брат.
Лекарите ја префрлиле на психијатриско одделение, пишува Daily Mail.