Американскиот окружен судија Џејмс Донато ја отфрли тужбата на поранешниот претседател Доналд Трамп против Твитер, во која тој ја оспори суспензијата од таа платформа.
Во пресудата, судијата Донато во Сан Франциско го отфрли аргументот на Трамп дека Твитер го прекршил неговото право на слобода на говор загарантирано со Првиот амандман на американскиот Устав, објави Ројтерс.
Твитер и другите социјални платформи му забранија на Трамп да ги користи нивните услуги откако голем број негови поддржувачи го нападнаа Капитолот на САД во немирите на 6 јануари 2021 година.
Нападот уследи по говорот на Трамп во кој тој повтори дека неговиот изборен пораз во ноември е резултат на широко распространета измама, тврдење кое беше отфрлено од голем број судови, како и од државните изборни претставници, јави Танјуг.