Освоил 3,8 милиони евра на коцка, па доживеал срцев удар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи кружи видео од казиното Марина Беј Сендс во Сингапур, каде неименуван маж го доби џекпотот во саботата, 22 јуни.

Loading...

Откако освоил околу 3,8 милиони евра, човекот почнал да скока од радост, а потоа драматично паднал на подот.

Веднаш на помош му дошле во паника гостите и персоналот на казиното, а јасно било дека доживеал срцев удар, пренесува The Sun.

Во друштво на несреќниот маж имало една жена, а може да се види како нервозно клечи до него и се обидува да помогне.

Набрзо бил пренесен во болница, а медиумите веднаш објавија дека починал. За среќа, тоа не беше точна информација.

Мажот се опоравува во здравствена установа, а можно е срцев удар да е предизвикан од екстремна возбуда.

 

Loading...