Лицето што ја доби главната премија на лотаријата „Мега Милионс“ минатиот месец се јавило на надлежните.
Според сегашниот закон, името на победникот мора да се чува во тајност 90 дена од моментот на барањето на наградата, која во овој случај изнесува огромни 1,6 милијарди долари.
Не е познато дали среќниот добитник ќе земе паушал од 794,2 милиони долари (во готовина), или ќе избере исплата на целосниот износ во следните 30 години на рати, пренесува Yahoo News.
Како што е соопштено, добитникот на лотаријата го купил тикетот во супермаркетот „Публикс“ во Нептун Бич (Флорида).
Мега Милионс објави дека џекпотот е најголемиот во неговата историја, надминувајќи ја наградата од 1,537 милијарди долари освоена во Јужна Каролина во 2018 година.