Осуммина уапсени во Германија за заговор и десничарски екстремизам

Сподели со своите пријатели

Осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источната германска покраина Саксонија и во Полска, соопшти во вторникот германското федерално обвинителство, укажувајќи на нивните планови за заговор и соборување на државата.

Loading...

Претрага на околу 20 имоти

Се претресуваат околу 20 имоти, соопштија надлежните. Претреси се вршат и во Австрија.

Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „саксонските сепаратисти“, група за која веруваат дека е формирана најдоцна до ноември 2020 година.

„Станува збор за милитантна група составена од 15 до 20 лица, чија идеологија се карактеризира со расистички, антисемитски и делумно апокалиптични идеи“, се вели во соопштението објавено од обвинителството.

„Нејзините членови ги обединува длабокото негирање на слободниот и демократски фундаментален поредок на Сојузна Република Германија“, се додава во соопштението.

Групата наводно е убедена дека Германија е пред „колапс“.

Кога тоа ќе се случи, планира насилно да ја преземе контролата врз областите во Саксонија и веројатно други покраини на источна Германија „со цел таму да воспостави држава и општество засновани на националсоцијализмот“, се вели во соопштението.

Исто така, се наведува дека, според планот на групата, „непожелните групи луѓе треба да бидат отстранети од областа со етничко чистење доколку е потребно“.

Loading...

Меѓу уапсените, наводно, има четворица кои биле меѓу првите членови на групата, додека еден се верува дека е водач на групата.

Обвинителството наведува дека членовите на групата во неколку наврати биле подложени на паравоена обука со борбена опрема.

„Тие конкретно вежбале урбана војна, ракување со огнено оружје, ноќни и принудни маршеви и патролирање. Групата имала воена опрема како маскирни костуми, шлемови, гас-маски и заштитни елеци, се додава.

Германскиот министер за правда Марко Бушман рече дека „голем успех е што федералниот јавен обвинител и безбедносните власти успеаја да ги откријат овие монструозни планови и да ги уапсат одговорните“.

Според него, оваа истрага е потсетување дека основниот поредок во Германија е загрозен од повеќе страни.

Колку се опасни овие десничарски екстремисти, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, тоа што беше обезбедена обука за оружје и набавена воена опрема.

Во вторник и среда осомничените треба да бидат изведени пред истражен судија кој ќе одлучува за притвор.

Повеќе од 450 припадници на безбедносните сили и полицајци биле распоредени во рамките на операцијата само во Германија, според обвинителството.

Loading...