Брисон Клејман од Вирџинија, решил да ја продаде својата вредна колекција налепници од Покемон за да го излечи своето куче Брус.
Според мајката на Брисон, кучето започнало да се однесува чудно, престанало да игра и да се движи, било многу живо куче.
Локалниот ветеринар открил дека кучето има парво вирус, кој мора веднаш да се лекува бидејќи може да го загрози животот на кучето. Трошоците за лекување биле 700 долари, а семејството не можело да плати за тоа.
„За продажбата на налепниците Покемон дознав само кога сопругот ми испрати фотографија од нашиот син како продава налепници пред куќата за по пет и десет долари. Кога ја споделивме таа фотографија на Фејсбук и страницата Go Fund Me, луѓето почнаа да донираат пари за лекување на кучето“, рече мајката на момчето.
Семејството собрало 15.000 долари, ја потрошило потребната сума за лекување на своето куче, а остатокот од парите ги донирало на други семејства кои имаат миленичиња на кои им е потребна финансиска помош.
И момчето Брајсон Клејман добило подарок, билети за Покемон во вредност од 420 долари.
8-Year-Old Boy Sells His Pokemon Card Collection to Pay For His Sick Dog’s $700 Treatment https://t.co/KZss5IhmJa
— People (@people) June 8, 2021