Осумчасовното работно време е погубно за организмот

Сподели со своите пријатели

Во изминатите неколку години повеќе студии се занимаваа со темата осумчасовно работно време за кое се испостави дека едноставно не функционира.

Резултатите од овие студии покажале дека должината на траењето на работното време нема ниакква врска со тоа колку сте ефикасни и продуктивни. па од каде дошла идејата за осумчасовното работно време?

Работата во канцеларија води до алкохолизам!

Loading...

Кампањата ја започнал социјалниот реформатор Роберт Овен во 1810. година во реме кога фабриките работеле 24 часа, а работниците често работеле од 10 до 15 часа. Тогаш Овен измислил слоган „Осум часа работа, осум часа одмор, осум часа спиење“, а во 1926. година повеќе од век подоцна компанијата “Форд“ стана првата која воведе траење на смената од осум часа и ја дуплираше платата на вработените.

Што да направите до 9 изутрина за свеж почеток на денот?

Денес, осумчасовното работно време е дефинитивно застарен концепт.

Истражувач од циклусот на соновите, Натаниел Клејтман открил нешто што се анрекува “основен циклус за одмарање“ сфаќајќи дека нашите тела фунцкионираат на 97-минутен период во текот на ноќта и помеѓу длабокиот и лесниот сон. Тоа исто така се случува и во текот на денот, нашата поголема и помала будност се намалува во истиот период, поради што нам ни се потребни повеќе паузи за да бидеме продуктивни.

6 симптоми за замор во очите

Др. Тревис Брејдери ја предложил следната алтернатива: идеален однос на работат аи одморот би бил 52 минути работа и 17 минути одмор. Луѓето кои вака го одржувале својот биланс имале завидно ниво на фокусираност на работата.

Професиите кои водат до депресија

Шведска исто така експериментираше со смените од шест часа во еден дом за стари. Првите ивештаи потврдиле дека медицинските сестри биле посреќни, имале повеќе енергија и биле попродуктивни. Откако се вратиле на старото, сестрите се жалеле на замор и исцрпеност.

Ноќните смени предизвикуваат болести на срцето

Новинарот Овен Џонес предложил да се работи четери дена неделно, а неговиот колега од „Гардијан“ е застапник на идејата за работни денови од четири часа.

Стресот виновник за вишокот килограми

Иако се уште не е постигнат консензус за должината на траењето на смените, едно е сигурно: тоа не се осум часа дневно.

Leave a Reply