Ноќва од 23,00 до 03,00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект, лоциран покрај автопатот Тетово – Гостивар, во Горно Седларце, сопственост на Б.Л.(48) од Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При контролата, во објектот биле затекнати девет женски лица, од кои шест државјанки на Република Албанија и три македонски државјанки.
Странските државјанки на возраст од 20 до 27 години се приведени и задржани во Полициската станица Тетово, по што се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.