Во периодот од 08:30 до 14:30 часот, во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе бидат жителите на осум села од кумановскиот крај.
Како што појаснуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за селата: Макреш, Канарево, Добрача, Цвиланце, Бајловце, Алинци, Желувино и Дренак.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

