Осум причини поради кои се будите уморни! Еве како да си помогнете!

Сподели со своите пријатели

Истражувањата покажаа дека многу возрасни лица признаваат дека биле уморни барем еден ден во неделата наутро, особено за време на пандемијата.

Loading...

Постојат многу причини за „напорните“ утра, а добрата вест е што можете да ги спречите повеќето од нив.

  1. Не спиете доволно

Ова е најочигледна причина зошто може да се разбудите уморни наутро. На повеќето возрасни им треба 7-9 часа сон секоја вечер и додека за некои може да биде доволно и помалку, ова се ретки случаи.

 

 

 

  1. Премногу спиете

Ниту другото е крајно добро и иако нема одреден број часови што одредуваат кога премногу спиете, некои од знаците за претерување може да бидат чувство на замор во текот на денот со нивото на енергија што нагло се зголемува кога ќе падне ноќта, утрински главоболки и „матно“ чувство во главата.

Loading...
  1. Не спиете добро

Ако спиете редовно осум часа и сте уморни, тоа е знак дека не спиете добро.

Луѓето кои често се будат среде ноќ, веројатно нема да поминат во сон колку што треба за квалитетен одмор.

 

 

  1. Пиете пред спиење

Истражувањата покажаа дека алкохолот пред спиење може да ги наруши фазите на длабок сон.

Но, пред да го замените алкохолот со друг пијалак, запомнете дека премногу течност пред спиење може да го попречи вашиот сон бидејќи веројатно ќе треба да се разбудите среде ноќ за да одите во тоалет.

  1. Јадете пред спиење

Ако јадете сладок десерт пред спиење, може да ви биде невозможно да заспиете.

Loading...

Експертот за спиење, др. Мајкл Џ. Бреус вели дека повеќето луѓе би било подобро да се ограничат на 200-250 калории околу 30 минути пред спиење – идеална мешавина од цели јаглени хидрати и маснотии или протеини.

 

 

  1. Имате неуреден распоред на спиење

Телото сака рутина и ако легнете во 22 часот една вечер и во 1 часот по полноќ следната, ќе го збуните вашиот внатрешен часовник.

Добра идеја е да поставите аларм еден час пред да планирате да одите во кревет, за да можете да се смирите и опуштите пред спиење.

  1. „Висите“ на телефонот пред спиење

Држете се подалеку од екранот на електронските уреди пред спиење затоа што гледањето во сината светлина пред спиење може да го наруши вашиот деноноќниот ритам.

Покрај тоа, гледањето на социјалните мрежи може да предизвика стрес и вознемиреност и не ви треба ништо од тоа пред да легнете.

Loading...

 

 

  1. Имате апнеа

Тоа е состојба што предизвикува проблеми со дишењето за време на спиењето и може да доведе до ‘рчење и чести будења во текот на ноќта.

Ако се сомневате дека ова е и ваш проблем, контактирајте лекар кој би можел да ви понуди неколку совети за решавање или ублажување на таквата состојба, пишува mbg.

Leave a Reply