Осум нови случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осум нови случаи денеска се регистрирани во Куманово, а еден во Крива Паланка, додека во целата држава вкупно 30.

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.  По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

-Скопје – 195

-Куманово – 62

-Дебар – 47

– Штип – 15

– Прилеп – 21

-Тетово -13

-Струга – 9

-Велес – 6

-Битола – 4

-Охрид – 3

-Кавадарци – 2

-Гостивар – 1

-Гевгелија – 2

– Струмица- 1

-Крива Паланка – 2

-Кочани – 1

Од министерството информираат дека во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

Leave a Reply