Осум мртви по разорните поплави во Кентаки

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица ги загубија животите откако обилните врнежи предизвикаа поплави во американската сојузна држава Кентаки во четвртокот, изјави нејзиниот гувернер, стравувајќи дека бројот на жртвите ќе се зголеми.

Loading...

„Ова може да биде најлошата поплава во поновата историја, разорна и смртоносна“, изјави гувернерот Енди Бешеар во време кога бројот на исчезнати не е познат, а дождливото време се очекува да продолжи до петок.

„Засега можам да потврдам осум загинати, но тој број расте од час во час“, додаде тој. Очекува, како што рече, „двоцифрена“ бројка на жртви.

Околу Џексон, некои патишта се претворија во реки со некои напуштени автомобили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: Саботажата на „Северен тек“ личи на државен тероризам

Некои делови во четвртокот беа поплавени со светло-кафеава матна вода над која беа видливи само покривите на зградите и дрвјата. Во такви околности, многу жители побарале засолниште на покривот од својата куќа, чекајќи помош.

„Дваесет до триесет“ лица беа евакуирани по воздушен пат, додаде Бешеар во четвртокот вечерта за локалната телевизија.

Поради климатските промени предизвикани од човекот, количината на водена пареа во атмосферата се зголемува, што го зголемува ризикот од прекумерни врнежи, проценуваат научниците.

Дождот, заедно со другите фактори, особено преголемата развиеност на теренот, влијае на се позачестената појава на поплави.

Loading...

Во некои делови на Кентаки за 24 часа паднале 20 сантиметри дожд, а до петок навечер се очекуваат повеќе врнежи, па предупредувањето за поплави се уште е на сила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Авион со 256 патници испратил итен сигнал за слетување по откажување на моторот

Демократскиот гувернер прогласи вонредна состојба во одредени области, а во спасувањето учествуваат четири хеликоптери и чамци на Националната гарда.

Околу 25.000 луѓе беа без струја, а некои без вода за пиење во таа држава во четвртокот, рече гувернерот.