Осум месеци во изолација, во услови слични како на Марс (видео)

Сподели со своите пријатели

Шестмина истражувачи на НАСА кои од јануари биле во изолација на Хаваите, во услову како оние на Марс, излегоа во надворешниот свет.

Екипажот од четворица мажи и две жени беа дел од студијата осмислена поради подобро разбирање на психолошкото влијание на вселенските мисии врз застронаутите.

– Навистина е задоволство да знаете дека знаењето стекнато од оваа мисија и другите слични, ќе допринесе во идните истражувања на Марс и идните истражувања на вселената воопшто, изјавил научникот на НАСА, Самјуел Пејлор.

Врз основа на податоците до кои дошле, НАСА во иднина ќе врши селекција на поединци и групи за да препознае лица со одговарачки карактеристики, подготвени најдобро да се соочат со стрес, изолација и опасност, на кои им претстојат мисии на Марс во времетраење од две или три години. Тие се надеваат дека до 2030 година ќе испратат експедиција на Марс.

Екипажот бил сместен осум месеци во подножјето на Мануа Лоа, најголемиот активен вулкан на Земјата.

Кога и да го напуштале својот мал дом, носеле вселенски одела, а се хранеле само со замрзната и конзервирана храна. За време на нивното „преживување“ на Марс спцијалистот биолог Џошуа Ерик, одгледува зеленчук.

– Моркови, пиперки, кинеска зелка, домати, компири и многу оригано и першун. Беше феноменално, самото чувство на свежа храна како -дома е добро, раскажал Ерик.

Екипажот имал за задача да спроведе геолошки истражувања, да бележи на мапа и да го одржува живеалиштето како да живее на Марс. Живеалиштето во кое биле сместени имало две спални соби, кујна, лабораторија и бања.

Специјалистот технолог Лаура Ларк смета дека патувањето на Марс е разумна намера на НАСА.

– Совладување нови предизвици е само работ ана напор. Апсолутно сме способни за такво нешто, рекла таа.

За време на нивниот престој во изолација, била бележана нивната компатибилност и нивото на стрес. Исто така воделе евиденција за тоа како се чувствуваат. Во тоа им помагале и посебно дизајнирани сензори.

– Сфативме дека, дури и во најдобар тим, до конфликт во одреден момент мора да дојде. Така да она што е многу важно е да имате екижак, како пеодинечно, така и групно, способен да го согледа тој конфликт и да го реши, истакнува професорот од Универзитетот Хаваи.

Студијата исто така тестирала начини кои би помогнале екипажот да се носи со стрес. Кога би биле преоптеретени, со помош на уред кои поддржува технологија за виртуелна реалност би можеле да се опуштаат со „посета“ на некое тропско место или некоја од најубавите плажи.

Loading...