Осум литри дожд од утринава наврнаа во кумановско

Сподели со своите пријатели

Осум литри дожд на метар квадратен од утринава од 7 до 13 часот се измерени на подрачјето на Општина Куманово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд во посочениот период наврнал во Охрид и тоа 15 литри, додека најмалку, односно само два литри на метар квадратен наврнале на подрачјето на Прилеп, Штип, Демир Капија и Гевгелија.

Моментално времето во целата земја е облачно со врнежи од дожд, поинтензивни се во западните, северозападните и североисточните делови. Во југоисточните делови дува умерен југоисточен ветер.

До крајот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од дожд, а во јужните делови ќе има услови за краткотрајна појава на пороен дожд со грмежи.

Наместа се очекува да наврнат и над 60 л/м2, особено во западните и северните делови. Преку ноќта на запад врнежите ќе намалуваат, а поинтензивни ќе останат на исток.

Во Скопската Котлина ќе има врнежи од дожд со променлив  интензитет, а повремено ќе бидат поинтензивни.