Осум литри дожд изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осум литри дожд на метар квадратен паднале во изминатото деноноќие во Куманово, а врнежите продолжуваат и денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе имаме претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во северните и источните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно и суво со појава на магла по котлините. Од недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Leave a Reply